(Видео)НАВИВАЧИТЕ НА ШКЕНДИЈА СО НАВРЕДИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навивачката група на Шкендија од Тетово, познати како “Балисти”, по се изгледа заборавиле дека отишле да го бодрат својот тим на натпревар од европски ранг.

Наместо песни со поддршка, тие на националната арена “Филип Втори” синоќа извикуваа “Мртов каур, добар каур” и “Oбединета Албанија”.

Нивниот тим беше на чекор од влез во групната фаза од Лигата на Европа, нешто што досега му успеа само на Вардар минатата сезона.

Но, после поразот од Розенборг во Норвешка од 3:1, тетовчани забележаа нов триум од 0:2 во Скопје, па ако овие одвратни извици на националната арена се дел од фрустацијата што Шкендија остана немоќна, нека им биде.

Едно е сигурно, далеку сме од соживот, толеранција и разбирање, а особено е жално што ова се случува на фудбалските терени, независно што сега станува збор за Шкендија и нејзините навивачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This