(Видео)БИБИ, ОДИ СИ ДОМА: Илјадници се собраа на протест против Бенџамин Нетанјаху, бараат оставка поради корупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 1.500 луѓе се собраа во центарот на Тел Авив со барање премиерот Бенџамин Нетанјаху да си поднесе оставка поради обвиненијата за корупција и обвинувањата кои Израелската полиција ги изнесе против него неодамна


„Биби Нетанјаху оди си дома“ слоганот уште еднаш ја обедини толпата која го одржа неделниот анти-владин протест поради корупција во Тел Авив. Со транспаренти на кои пишува „Биби, ти не си над законот“, „Сакај го Израел, без Нетанјаху“, скандираа „Мафијашка држава со корумпиран премиер“.

Претходно овој месец Израелската полиција предложи Бенџамин Нетанјаху да биде обвинет за примање мито, измама и нарушување на довербата. И покрај притисоците и секојдневните повици да си даде оставка, Нетанјаху тврди дека е невин, дополнително предизвикувајќи бес кај јавноста.

„Во минатото, кога имаше обвинение со препорака од полицијата, политичарите обично си даваа оставки“, вели еден од демонстрантите. „Многу ќе биде тешко да го видиме Биби како си дава оставка. Тој не е таков човек кој си дава оставка“.

„Дојдов тука за да протестирам во одбрана на демократијата на Израел бидејќи е важно луѓето да се борат портив корупцијата каде и да се случува, затоа што владата тука заборави дека треба да ни служи на нас, а не ние ним“, вели друг активист присутен на протестите.

Обвинението против Нетанјаху е дека, тој заедно со неговата сопруга Сара, добивале луксузни подароци вредни илјадници долари од Холивудскиот продуцент Арон Милчан и Австралискиот милијардер Џејмс Пакер, а за возврат добивале услуги. Друго обвинение е поради сомнеж дека Нетанјаху планирал да го саботира сопственикот на најчитаниот Израелски весник, Арон Мојсеј, за да добие повеќе позитивен медиумски простор за себе. Премиерот неколкупати го отфрли овие обвиненија како „неосновани“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This