Канцелариите на Си-Ен-Ен во Њујорк се евакуирани поради опасност од експлозивна направа.
Информацијата за ова доаѓа откако американската тајна служба соопшти дека нејзините агенти пресретнале сомнителните пакети упатени на адреса поранешниот претседател Барак Обама и Хилари Клинтон.
Видеото објавено на социјалните медиуми го покажа моментот кога Си-Ен-Ен беше принудена да го прекине емитувањето во живо, додека еден од презентерите на гледачите им соопшти дека бил вклучен аларм за пожар.
Американскиот канал за вести во моментот кога се вклучил алармот имаше репортажа заканите за обидите за атентат на Обама и г-ѓа Клинтон.
Тајната служба рече дека ниту еден поранешен демократски политичар не ги добил пакетите и не бил доведен во опасност, ниту пак бил изложен на ризик да ги добие поради процедуралниот скрининг.
Here’s the moment CNN had to handoff to DC and evacuate Time Warner Center in New York pic.twitter.com/TUtnWrss9z
— Josh Billinson (@jbillinson) October 24, 2018