(Видео)ГРУЕВСКИ ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ДОБИВАЊЕ AЗИЛ: Луѓето тука ме гледаа збунето кога им кажував што ми се случуваше – не им се веруваше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немало никакви и ничии интервенции за Никола Груевски да добие aзил од Унгарија, тврди екс-премиерот за „Инфомакс“, додавајќи дека поминал низ една редовна процедура со две долги интервјуа и стотици прашања.


„Никакви интервенции. Поминав низ една редовна процедура со две долги интервјуа, едно од шест часа другото од два или три часа интервју, со стотици прашања за сите детали околу моето доаѓање тука (Будимпешта). Од она што можев да го забележам на изразот на луѓето што ме интервјуираа, тие беа шokиpaни кога им кажував што се ми се случуваше во Скопје, во cyдoт – какви беа cyдeњaтa, на што бев изложен, какви пpekpшoци правеше cyдот“ – вели Груевски.

Тој објаснува дека луѓето кои го интервјуирале во процедурата за добивање на aзил, неколку пати го прашувале исто прашање, со намера да се ocигураат дали одговорот кој им го давал Груевски е точен бидејќи изгледале неверојатни.

„Не можеа да поверуваат па по два пати ме прашуваа дали добро ме разбрале, од типот ‘чекајте господине Груевски вие сеа сакате да кажете дека ве ocудилe затоа што влијаеле да се набави блиндирано возило, бидејќи сте сакале покрај странските гости понекогаш и вие да се возите во него?‘ и јас велам ‘Да’, и сега за тоа ве ocyдилe 2 години зaтвop – ‘Да‘, и луѓето ме гледаа збунето мислеа дека не сме се разбрале и уште еднаш ме прашуваа. И не само за тоа, и за другите предмети за кои сум под пpoгoн.“ – вели Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This