(Видео)ДЕЛЕГАЦИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ: Хаос на социјалните мрежи откако Брза помош мораше да ја чека делегацијата на Бугарскиот претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Скопје и возило на Брза помош мораше да чека на семафор за да помине политичката делегација.

Во посета на главниот град е бугарскиот претседател Румен Радев. Видеата и фотографиите кои беа објавени од граѓани предизвикаа револт на социјалните мрежи со коментари дека МВР не смеела да дозволи ваква ситуација.

Во еден момент Брзата помош самоиницијативно тргнува, најверојатно заради ургентност, па полицаецот е приморан да ја пресече колоната со делегацијата и да го пропушти возилото.

„Кој има предност? Дали е поважна делегацијата или нечиј живот“, се само некои од коментарите по објавувањето на оваа снимка.

Но, секако има и такви нестрпливи, еден од автомобилите кои чекаа го искористи моментот и заедно со брзата помош помина, и покрај напорите на полицаецот возилото да биде сопрено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This