(Видео+Документи) Кина во 2011 била загpижена за биолошко opyжје кое тapгетира одредени pacи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите документи до кои дојде Скај Њуз Австралија тврдат дека Кина дискутирала за тоа како вештачки вируси може да се вооружат за да се насочат кон одредени раси.

Извештајот доаѓа од Дејвид Ашер, кој ја водеше истрагата на Стејт департментот за потеклото на КОВИД-19 пред Џо Бајден истататa да ја прекине.

Според Ашер, со она што Кина го напишала во декларацијата до Седмата конференција за ревизија на Конвенцијата за биолошко оружје во канцеларијата на Обединетите нации во Женев во суштина изнела мапа за развојот во биотехнологијата, поврзана со конвенцијата за биолошко оружје“

„Ова е веројатно највознемирувачкото нешто што може да се забележи, може да има таргетирање на населението спред етничка и расна припадност со употреба на биологија, според Кинезите. Тоа не значи дека тие го сториле тоа во случајот на Ковид-19 или друг пример, но дефинитивно имплицираше дека тие беа целосно свесни дека тоа е изводливо и можно “.

Кина инсистираше на тоа дека КОВИД-19 не е создаден во лабораторија, и повеќе од една година оваа теорија беше широко отфрлена како теорија на заговор, иако во последните неколку недели таа теорија стана многу веродостојна.

Д-р Ентони Фаучи јавно ја демантираше теоријата за вирус создаден во лабараторија, иако уште на почетокот на пандемијата му беше кажано дека КОВИД-19 има „необични карактеристики“ што „потенцијално изгледаат како создадени од човек“. Некои сега веруваат дека Фаучи јавно ја отфрли теоријата на лабораториско протекување за да ги заштити сопствените врски со финансирање на истражување за „добивка на функција“ на Институтот за вирологија во Вухан. Ние исто така знаеме дека Институтот за вирологија во Вухан спроведуваше истражување за добивање на функции и дека истото беше делумно финансирано од институтот на Фаучи.

Коментирајќи го официјалниот документ на кинеската влада – доставен до Конвенцијата за биолошко оружје на Обединети нации во 2011 година – во кој се дискутира за „вооружување специфични вируси за да се насочат да таргетираат одредени раси“, Марксон потенцираше дека „тоа е шокантно и гротескно подрачје на биоистражувањето“.

Марксон посочува дека документите покажуваат дека кинеската влада сериозно била загрижена за потенцијално протекување од лабораторијата на еден ваков вирус.

„Толку сериозно го сфатиле проблемот, што посочиле дека протекување од лабораторијата која истражува вируси може да го доведе во голема опасност целото човештво“.

„Кина дури вели дека истражувањето на биотехнологијата прави сериозни проблеми во повразни со конвенцијата за биолошки оружја“.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This