(Видео)Душко Весковски живее во пентхаус вреден над 300.000 евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ имал луксузен пентхаус на улица Алжирска во населба „Владо Тасевски“, се вели во објава на Твитер на која стои и снимка направена од дрон на која може да се види луксузна градба.

Дали Весковски живее во станот кој го пријавил во анкетниот лист на ДКСК од 60 квадратни метри, или пак во лускузниот пентхаус е прашање на кое одговор добивме од очевидци, жители на Карпош кој живеат на улицата на која се наоѓа луксузниот стан.

Според комшиите на Весковски, тој секојдневно во 07.00 часот излегува од луксузниот стан за да оди на работа и таму преспива. Сепак, станот во кој Весковски живее е регистриран на две други физички лица и едно правно лице за изнајмување и трговија со недвижен имот.

И двете лица регистрирани како сопственици на станот извесна М.Синадиновска и В.Пеповски се дел од ревизорскиот извештај за финнансирањето на СДСМ каде фигурираат како спонзори на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This