(Видео)ЗАЕВ „ГЛУМЕЛ ЛУДИЛO“ ПОЛОВИНА ГОДИНА: Уште во мај договорил промена на името, па глумел дека преговара за пред јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев договорил промена на името уште во мај 2018, за да подоцна уште речиси месец дена пред македонските граѓани глумеше дека се уште преговара со Грција и како прави се за да извлече подобро решение, потврди кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски во неговото гостување во Отворено студио на 1ТВ, каде што изјави дека уште на Самитот на ЕУ во Софија, кој се одржа на 17 мај 2018 година, имало договор со Грција.

Јас сум го кажал тоа еднаш, прилично недипломатски што Макрон ни рече минатата година на Софискиот самит на ЕУ – Западен Балкан. Имавме договор со Грција веќе во тој момент. И премиерот рече ова е историска работа, ова беше тежок компромис, допрва треба да го објаснуваме на нашиот народ, рече Пендаровски.

Иако во моментот на одржување на самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија на 17 мај, веќе договорот со Грција бил постигнат, Заев и Димитров ја лажеа македонската јавност уште еден месец дека се уште преговараат и бараат најдобро решение за македонските граѓани.

На 19 мај 2018 пред македонските граѓани Заев го претстави предлогот Република Илинденска Македонија, најприфатливото решение за него и за Ципрас на преговорите во Софија.

Заев за овој предлог кога прв пат во историјата на преговорите се прифати име за севкупна употреба изјави дека е подготвен истото да го брани и со него да води напред. Дека тоа му беше само обична патка со цел да се прифати ерга омнес, говори и фактот дека истото пропадна за само 24 часа, а Заев продолжи да ги лаже граѓаните дека ќе продолжи да преговара за изнаоѓање на решение.

Тој лажеше и на 31 мај 2018 година кога изјави дека се уште нема решение и дека евентуалното решение за името ќе биде прифатливо за сите етнички заедници. Притоа посочи дека ако се изнајде решение тоа ќе биде прифатливо за сите етнички заедници.

Сакаме членство во ЕУ и НАТО, нагласи Заев, но не по секоја цена. Многу се важни сите детали на преговарачкиот процес, без притоа да се преминат црвените линии – да успееме во нашите две стратегиски цели: да добиеме покана за НАТО и датум за преговори со ЕУ.

Веќе следниот ден на 1 јуни во Собранието Заев се обрати кон опозицијата да не шпекулира дека се преговарало во 4 очи дека се што разговарал соопштувал на јавноста, а се што е преговарано е соопштено на лидерската средба.

Два дена подоцна на 3 јуни, Заев од Штип изјави дека за преговорите и договорот околу името меѓу Македонија и Грција има одредени технички проблеми кои треба да се решат меѓу двете страни.

Верувам дека ќе го најдеме решението, но штом ќе се отстранат овие технички прашања, рече Заев на 3 јуни во Штип.

На 7 јуни при неговата посета на Желино, одговарајќи на новинарско прашање, Заев повторно ја излажа македонската јавност кога изјави дека биле блиску до решение, но тоа треба да биде одржливо и трајно и не се знае кога ќе се случи фамозниот телефонски разговор со Ципрас.

На 10 јуни беше соопштено дека од наша страна биле поднесени неколку решенија, за на 11 јуни да се случи долгоочекуваниот разговор помеѓу Заев и Ципрас кога беше соопштено дека следниот ден тие повторно ќе се слушнат следниот ден.

Конечно на 12 јуни заврши целата фарса на наводни преговори кога Зоран Заев пред македонските граѓани изјави дека постигнат е договор за Република Северна Македонија за севкупна употреба.

Речиси месец дена Зоран Заев манипулираше со јавноста како дава се од себе да изнајде најдобро решение кое ќе биде најдобро за сите. Иако решението веќе било најдено и бил постигнат договор со Грција, Заев пред граѓаните на Република Македонија глумеше жртва, некаков си херој кој дава се од себе да дојде до најбезболно решение за спорот за името.

Заев договорил промена на името на самитот на ЕУ во Софија.

Posted by Радио Лидер on Saturday, March 9, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This