Невреме со обилни дождови и силен ветер погоди делови од Ломбардија, на северот на Италија и во областа на познатото езеро Комо, пренесува агенцијата Анса.
Имаше неколку стотици повици за помош, полицијата и пожарникарите се упатија кон жителите кои беа во опасност.
Поради обилните врнежи од дожд, инаку малите потоци се преплавија и се претворија во опасни порои.
Водата носеше кал, камења, одкорнати дрвја, автомобили …
After Central Europe, storms and flooding have now moved south of the Alps. This is my hometown, Lake Como pic.twitter.com/YpDzMtf5dP
— Marco Antonsich (@marco_antonsich) July 27, 2021
Однесени се два моста, а дел од локалните патишта се затворени поради одрони и уривање на заштитни ѕидови.
Дел од населението е евакуирано, а градоначалниците на малите туристички места на брегот на езерото ги предупредуваат граѓаните да не ги напуштаат своите куќи, освен ако не е потребно.