(Видео)МИЛОШОСКИ ЌЕ „ПУKA БOMБИ“: Има снимки на кои се јасно се слуша поврзаноста на Заев во „Pekeт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно дека демократските стандарди се двојни, она што го дозволи колегата пратеник пред извесно време Горан Мисовски да објавам една снимка, и колегата Артан Груби на неговата комисија, за вас е забрането но тоа говори за вашиот демократски капацитет – рече Антонио Милошоски, откако од страна на Талат Џафери му беше забрането да ја објави снимката на која според пратеникот докажува дека Зоран Заев е вмешан во скадналот „Рекет“

Милошовски продолжи да образложува што има на снимката, реторички.

– Да ви кажам зошто министерката не сака да даде образложение за овој прелдог закон за обвинителство и зошто се брзаат да го донесат. Бидејќи сакаат да се заштитат себеси, а особено лицето З.З од учеството во аферата „Рекет“, рече Милошоски.

Милошоски продолжи да зборува и за легално снимени материајлни докази, кои покажуваат дека Зоран и Вице Заеви биле вмешани и во друга афера, овој пат со поткуп на гласови. Афера која беше објавена во италијанскиот весник „Ла Верита“.

– Следната работа што сакам да ја споменам тука е поврзана со легално снимени документи и материјали, кои што беа објавени во еден странски медиум а каде што се споменува и лицето Милевка, мислам дека е наша колешка, како треба – Вице Заев праќа СМС порака за време на локалните избори и вика – имаме 35 лични карти кај едно лице од ромска националност, работата не е завршена, таа работа треба да ја заврши Милевка од Радовиш, објасни Милошовски, додавајќи дека Законот за јавно обвинителство им треба за да не одговараат.

По ова следеше потсетување за промената на ставовите на СДСМ, особено по однос на Крсто Муковски, кои од страна на владејачката партија во 2017. година беше обвинет дека е вмешан во криминал со неговата фирма за изградба на стадион во Скопје.

– СДСМ веќе не обвинува, СДСМ дава тендери. Денеска фирмата на Крсто Муковски – и на неговата блиска фамилија, неговиот брат – има добиено тендери во износ од 4 милиони евра во последните две години – образложи Милошоски, додавајќи дека тој никогаш не го нарекол Крсто Муковски терорист за разлика од пратениците на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This