(Видео)НЕ САКААТ ДА БИДАТ ТОПОВСКО МЕСО: Турската армија со големи губитоци во обидот да го опколат Ал Баб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По големиот број неуспешни напади на Ал Баб, турските стратези решија да ја променат тактиката и да пробаат да го опколат цврсто утврдениот град

sirija_turci

Турската армија и нивните сојузници од таканарачената „Слободна сириска армија“ (ССА) тргнаа во нова офанзива во околината на Ал Баба, напаѓајќи села од источната страна на утврдениот град. Турците рано изутрината кренаа во нови освојувања и ги нападнаа позициите на ИСИС во местата Ум Адасех, Кабр Макри и Ал Сагланиј источно од Ал Баб, но и малиот град Кабасин на североистокот.

Пред офанзивата турско-бунтовничките сили, Турската авијација во текот на вчерашниот ден и изминатите ноќи без престан ги бомбардира позициите на ИСИС во ова подрачје, верувајќи дека ќе ја ослабнат одбраната на терористите и со тоа ќе го олеснат упадот на своите сили. Сепак, според извештаите на локалните медиуми и активисти, овој план се докажал како неуспешен.

Терористите на ИСИС не само што со леснотија ги одбија првите напади на Турската армија, туку им нанеле и тешки губитоци, а известувачи од терен забележале дека турските редови по неколку часа борба се распаднале по што имало и дезертери.

При напуштањето на фронотот, оставена е и голема количина на воена механизација, а како по правило ИСИС веднаш објави снимка од воениот плен.

https://www.youtube.com/watch?v=dFeNKkoYpag

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This