(Видео)ПОД ЧИЈ ПРИТИСОК СЕ ПРЕКРШИ ВИСТИНАТА: Вера од „Љубојна“ во телефонска изјава не знаеше дали ќе пее на настанот, па потоа се закануваше со тужби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бендот Љубојна денеска ја демантираше изјавата на нивната печајка Вера Милошевска – Јосифовска, која таа синоќа телефонски ја даде за новинарот Љупчо Златев. Според Љубојна оваа изјава била измислена, но тоа може лесно да се демантира преку аудио-снимката од разговорот со новинарот на Златев, кој го објави ТВ Алфа.

-Музичарите не се и не треба да бидат бедем за револт и распетие! Ова е нашиот официјален став и ве молиме да не пишувате измислени изјави, кои не сме ги дале. Порталот/ите што објави/ја изјава без истата да биде дадена, очекуваме да напише/ат демант. Не би сакале нашата понатамошна комуникација да продолжи преку тужба. Срдечно, Љубојна. – велат од групата.

Но, аудио снимката која ја објави ТВ Алфа, го покажува спротивното, дека Вера Милошевска, го кажала токму тоа што го напиша Лидер, дека „не знае дали ќе настапуваат на владиниот настан.“. Ауидото од разговорот со Вера, беше објавен во вестите на ТВ Алфа.

Вокалот на етно групата „Љубојна“, Вера Мишоевска – Јосифовска, во изјава за Лидер дадена доцна синоќа рече дека штотуку дознала од медиумите дека ќе настапува на владината прослава по повод најавеното влегување во ЕУ и НАТО, за кое владата слави иако Република Македонија не стана членка на ниту една од овие организации. Неа за настанот и локацијата никој до вчера не ја известил.

-Да бидам искрена и јас денес видов дека ќе настапуваме таму. До сега не знаевме дека сме во програма, има таму ангажман, букерот дава ангажман и не знам што друго да ви кажам.– изјави Вера Милошевска за Лидер.

На нашето прашање дали заедно со групата Љубојна ќе настапува на оваа владиина парада, Милошевска ни одговори кратко со „не знам.“. Запрашана дали верува во настанот и промената на името таа ни одговори:

-Јас сум прашана за нешто? Еве нека се откаже прославата, нема проблем, ќе се смени нешто? – ни кажа Милошевска пред да го завршиме разговорот.

Се поставува прашњето кој ја натера Вера Милошевска да ја смени изјавата која ја даде на новинар?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This