Во време на полициски час, во Битола, попладнево се делеле хуманитарни пакети преку „Црвениот Крст“, а граѓанинот кој го снимил настанот во видеото обвинува дека се врши класичен предизборен поткуп.
На сличен начин ваков поткуп се вршеше и преку општинските кризни штабови низ цела Македонија со пакети кои ги донираше семејството Заеви, за што полицијата по наредба на јавен обвинител вршеше претрес во магацините на компаниите на Заев.
Овој пат, пакетите се делат преку „Црвен Крст“ што претставува злоупотреба на хуманитарната организација.