April 27, 2024, 12:13 pm

(Видео)СЕ ТРЕСЕ ЛИ ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Села не ги признава изборите, полицијата заплашувала и помагала во фалсификат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села, претседателот на Алијансата на албанците во изјава за медиумите вечерва од Струга порача дека за него и за неговата партија е неприфатлив избоирниот резултат. Села тврди дека на овие избори припадници на власта во придружба на полицијата им се заканувале на граѓаните, ги заплашувале и купувале гласови под притисок на полицијата

– Овој резултат е неприфатлив за нас, имајќи во предвид  дека одеа со полицајци и им се закануваа на граѓаните, ги заплашуваа и под притисок на полицијата купуваа гласови, рече Зијадин Села.

Имено Села како дел од владеачката гарнитура, кој учествува со еден министер во владата на Заев уште пред вториот круг од изборите во емисијата „Топ Тема“ обвини дека и во првиот круг имало купување на гласови и уцени.

– Се купуваат гласови. Има луѓе кои кружат без таблички на колите како да нема правна држава и да нема полиција и на тој начин купуваат гласови. Полиција треба да биде на терен и таквите луѓе треба да бидат неутрализирани, треба да ги контролира и ако има такви што одат и уценуваат и носат големи суми на пари со себе и да го спречи тоа. Добиваме информации дека продолжуваат заканите, рече Села во „Топ Тема“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска излезе со став дека ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборите и дека тие не биле фер и демократски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This