(Видео)СКАНДАЛ ВО АД „ЕЛЕМ“: Во четири очи договорен милионски тендер за ископ на јаглен со фирма на лице блиско до СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната прес-конференција истакна дека е неоспорен фактот дека Владата на Заев е неспособна, но исто така е и криминална, како и дека криминалите кои ги прават стануваат се поевидентни!

-Имено, има сериозни индиции за постоење на криминал од огромни размери изразен во милиони евра!
АД ЕЛЕМ раскинува договор за ископ на јаглен, при што наместо да ја избере второрангираната компанија која е со најповолна понуда, отпочнува постапка за склучување на нов договор кој поради укинувањето на Советот за јавни набавки се одвива во 4 очи. За да биде целата ситуација уште покомпримитирачки – тендерот го добива компанијата која е второрангирана од претходниот тендер, но со една огромна разлика! А, како што претпоставувате тоа разлика во цената. Значи истата компанија која наместо да биде избрана како второрангирана, е избрана преку нов договор, но со драстично повисока цена поради што постојат сомневања за сторен криминал и богатење на сметка на државниот буџет, посочува Јанушев.

Тој нагласува дека првиот договор кој е раскинат од АД ЕЛЕМ за потребите на РЕК Битола е со фирмата Трансмет ДОО Скопје по цена од 47 денари по гига џул, за отпосле да склучи договор во 4 очи со фирмата Пелистер ДОО за цена од 88 денари по гига џул.

-На овој начин граѓаните се оштетени за 60 милиони и 500 илјади денари. Односно разликата е над еден милион евра. Владата и Заев треба да одговорат. Зошто е склучен договор по двојно повисока цена? Дали АД ЕЛЕМ ја испочитува законската обврска согласно член 165 став 2 од Законот за јавните набавки и по раскинувањето на договорот со прворангираниот понудувач се обидела да склучи договор со второрангираниот, во случајот компанијата Пелистер ДОО или веднаш отпочнала постапка за склучување договор во четири очи, поради непостоење на Советот за јавни набавки кој самите го укинаа, по двојно повисока цена? Дали условите на новиот договор се наштимани да го добие токму компанијата која е во сопственост на човек близок до СДСМ? Понатаму, се отвора сомнеж дека условите кои се пропишани може да ги исполни само една компанија. Оваа криминална власт мора да даде одговор и зошто како критериуми е предвидено компанијата за ископ да има ископано 900.000 тони јаглен во последните 3 години? Услов кој во Република Македонија го исполнува само една компанија, а тоа е токму онаа компанија која го добива тендерот, вели тој.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ прашува како за работа која претходно чинела 47 денари, сега се наплаќаат 88, што се сменило во меѓувреме, за цената биде двојно поголема? Во чиј џеб треба да заврши разликата од над 1 милион евра?

-Граѓаните чекаат одговори. Граѓаните на Република Македонија мора да знаат каде завршиле 1 милион евра од нивните пари! Исто така дали е вистина дека транспортот на јагленот го врши компанија која се поврзува со семејството Заеви од Струмица?, прашува Јанушев

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This