МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО НОЖ И ГО ОГРАБИЛЕ: Скопјанец остана без 1.500 евра и две кредитни картички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет и шест годишниот А.Б. од скопско Јурумлери бил ограбен пред два дена од страна на две непознати лица.

Како што информираат од полицијата, на 10-ти месецов во 23.30 часот, додека се движел по ул. „Благоја Стефковски“, две непознати лица извршиле разбојништво над него.

-Сторителите со закана со нож и физичка сила му одзеле чанта во која имало мобилен телефон, две картички од банка и 92.000 денари, по што побегнале во непознат правец, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This