(Видео)ТАЛАТ ЏАФЕРИ СО НАВРЕДИ КОН НОВИНАРИТЕ: „Ти држи камерата тука и не прашувај многу“ – му нареди Талат Џафери на репортерот на Инфомакс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери, од вчерашната прес-конференција по повод нелегалното носење законот за двојазичност брутално ги навредуваше медиумските работници и игнорантски се однесуваше со нив во текот на целата пресконференција.

Џафери, сосема несвојствено за лице носител на јавна фунцкија се расправаше со новинарите и дрско им се обраќаше, при што во повеќе наврати не им дозволуваше да му упатуваат прашања и ги прекинуваше во сред прашање.

Дрскоскаста и безобразлукот на Џафери кулминираше кога истиот на еден репортерот на Инфомакс му се обрати со зборовите : „Ти држи камера тука и тоа може да го правиш.“

Овој дрзок гест на Џафери е уште еден обид да се деградира новинарската професија и да се загрози слободата на говор. Изминатава недела јавноста беше сведок како новинарот и претседател на ЗНМ беше на удар на закани на фамилијата на високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, поради што голем број на новинари организираа и протест пред владата. Претставниците на власта се обидоа да го задушат протестот и да го амортизираат револтот со присуство на истиот.

Пред ова јавноста беше сведок како советник на министерот за култура навредуваше телевизија со национална концесија.

На удар на власта се и сопствениците на медиумите. Имено сопственикот на неделникот „Република“ беше осуден на условна казна затвор за напишан текст.

И после сите овие притисоци и обиди за заплашување на наовинарите станува јасно дека власта не сака слободни медиуми и новинари кои професионално и чесно ќе си ја вршта својата работа, туку медиуми под контрола на власта.

Ова е само продолжување на односот на СДСМ кон новинарите и медиумите. Јавноста беше сведок како лично Зоран Заев од опозиција ги навреди медиумите и ги нарече негови најголеми политички непријатели.

 Навредите на 32-та минута.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This