-Денешната средба можам да ја оценам сериозна, неколку пати и тензична, но завршивме многу позитивна работа. Двајцата министри сега ќе ги брифираат премиерите во своите земји кои треба да се сретнат во Софија на 17 мај, изјави медијаторот Нимиц по денешната повеќечасовна средба со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Сунио кај Атина.
Вообичаено Нимиц не одговараше на новинарски прашња, туку само кусо рече дека денешниот состанок бил подготовка на средбата на Заев и Ципрас во Софија.