(Видео)ТРИ ГЕНЕРАЦИИ РАЗДЕЛЕНИ НА ТРИ КОНТИНЕНТА: Ќерката на единствената преживеана македонска Еврејка од холокаустот ја собра фамилијата во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животната приказна на Гита Шами, единствената Еврејка од Македонија која го преживеала холокаустот во логорот Аушвиц-Биркенау, денеска во Битола ја раскажа нејзината ќерка Сара Ле Гутман Калдерон, родум од Битола.

Три генерации од ова семејство, кое живее разделено на три континенти, односно во Јужна Америка, Северна Америка и Азија, се сретнаа во Битола. Деветчлената фамилија се собра во Битола за да се приклучи на комеморативните активности по повод 75 години од депортацијата на Евреите. Денеска низ солзи раскажуваа дека од трите куќи во кои некогаш живееле во Битола, сега е останата само една за да сведочи за голготата што го распрсна нивното семејство низ цел свет.

„Родена сум во Битола, но моите родители пребегаа во Грција во 43. година. Татко ми се приклучи на партизаните, а мајка ми остана во Костур. Кога Германците стигнаа до Грција татко ми се обиде да ја спаси мајка ми, но не успеа. Потоа и двајцата еден за друг не знаеја ни дали се живи. Подоцна на случајна средба при разминување на возовите во Битола видоа дека се живи. И моето семејство беше жртва на погромот, a мојата мајка е единствена која меѓу многу жeни преживеа во логорот во Аушвиц“, рече Сара Ле Гутман Калдерон, која раскажа дека денеска нејзиното семејство дојде да ги види родните огништа.

Сите се собравме во Битола да ги посетиме родните огништа. Да ме гледа сега мојата мајка ќе рече дека победив бидејќи сега имам ново семејство. Битола е дел од тоа семејство”, рече таа.

Семејството Калдерон денеска се сретна со претставниците на Македонско-германската иницијатива за помирување во состав на 24 млади од Германија и 20 од Македонија, предводени од Ханс Јоаким Шолц, свештеник на Протестантската црква во Баден, Германија.

„Тука сме за да испратиме порака на помирување. Среќни сме што семејството Калдерон ја дели со нас таа мисија“, рече Шолц.

Организатор на комеморативните активности по повод депортацијата на македонските Евреи е Општина Битола, во соработка со Здружението „Архам”, носител на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на Меморијален парк на живите на Еврејските гробишта во Битола.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This