(Видeo+Фoтo) “Пpeкинaтo интepвjyтo нa Aпacиeв зa Kaнaл 5 – тeлевизиjaтa ocтана бeз пpoгpaма”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва една од најголемите македонски телевизии „Канал 5“ запре со емитување на програма во живо додека во телевизијата гостуваше претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Имено во вечерашното издание на „Само вистина“ гостуваше токму Апасиев, а програмата имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи и на телевизијата.

Се беше во ред додека одненадеш програмата не запре со емитување, а секој оној кој што до пред неколку минути го вклучил телевизискиот канал ќе го видеше ликот на Апасиев.

Oна што е најинтересно и важно е дека во ист момент програмата запре со емитување и на социјалната мрежа и на Фејсбук…

Следната тема за која требаше да се разговара на интервјуто беше „пописот“ за кој Левица отворена ја пропагира опцијата за бојкот. Инфомакс го контактираше ЕВН од каде добивме одговор дека населбата Злокуќани во општина Карпош каде се наоѓа телевизија Канал 5 немала никаков прекин на снабдувањето со електрична енергија.

https://twitter.com/Mojsoskata/status/1374790667960995850

https://twitter.com/Majevtika/status/1374792001087008771

Прво исклучуење СТРУЈА откако сме членка на НАТО <3

p.s. Продолжуваме после кварот, у живо, за Пописот 😉

#НеОтворамВрата
#ДолуХибридниотРежим, пишува Апасиев на Фејсбук.

Прво исклучуење СТРУЈА откако сме членка на НАТО <3p.s. Продолжуваме после кварот, у живо, за Пописот ;)#НеОтворамВрата#ДолуХибридниотРежим

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday, March 24, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This