(Видео)ЦАРОВСКА НЕ ЗНАЕ ШТО ПОТПИШУВА, САКА ДА ИМЕНУВА ДИРЕКТОРИ ВО МОЕ ИМЕ: Максим Димитриевски ја нападна Царовска откако му ги одзема ингеренциите во градинките

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашното блокирање на донации и преземање на ингеренциите за две детски градинки од Куманово од страна на Министерството за труд и социјална политика водено од Мила Царовска, Максим Димитриевски излезе со малце поостар речник кон Царовска во емисијата на 1ТВ на прашање на Чомовски дали Царовска му се нафрли затоа што се партиски конкуренти па затоа ги блокира донациите и ги зема ингеренциите за две детски градинки, тој возврати со напад врз Царовска.

Димитриевски со доза на цинизам кажа дека некој министри не размислуваат пред да потпишат нешто, алудирајќи на Царовска, тој меѓу другото кажа:

„Не, видете секогаш имаме министри кои што не размислиле убаво за нивните одлуки пред да ги потпишат. И верувам дека и ова е ваков случај. Уште ја немам видено одлуката. За жал ние решаваме на голем број на социјални проблеми на локално ниво. И претпоставувам министерката сака да бира директор во име на градоначалникот. И ако ја сака таа обврска или одговорност да ја преземе на себе нека го направи тоа. Јас немам ништо против“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This