(Видео)ЧЕТВРТИ ДЕН СЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛAД ВО „ИДРИЗОВО“: Зaтвopeниците бараат aмнecтија и за нив, Заев и Талат да не ги диcкpиминираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зaтвopeниците веќе четврти ден штрајкуваат со глад во „Идризово“ барајќи и тие да бидат ставени во новиот закон за aмнecтија кој го најави владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, за кој беше најавено дека ќе се однесува само на oбвинетите од 27.април и тоа само на оние кои ќе се изјаснат за виновни и сами ќе побараат aмнecтија


Мери Николова, жесток активист на владејачката партија и „Шарената револуција“, која ги застапува правата на зaтвopeниците на својот ФБ профил објави снимка од штрајкот кој веќе четврти ден се одвива во „Идризово“, на која се гледа храната која зaтвopeниците ја оставаат во ходникот пред нивните соби.

Николова објави и писмо во која група на родители на ocуденици бараат од Талат Џафери во новиот закон за aмнecтија да бидат вметнати и нивните блиски, барајќи да се почитува правото на еднаквост, а нивните блиски да не бидат дискриминирани.

Во писмото на родителите испратено до Џафери се тврди дека Заев има лоши правни советници кои не го советувале како треба да изгледа закон за aмнecтија, и дека со истиот не смее да биде опфатена само една група на луѓе, а остантите да бидат дискриминирани. Најавуваат и жалби до меѓународни институции и бараат реакција од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од каде пак се уште се немаат изјаснето за предлог законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This