(Видео)Што прават авионите кои кружат над градовите низ Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неоправдана паника и лажни вести за „прскање со алуминиум“ се шири на социјалните мрежи, откако на апликацијата „Флајт Радар“ можеше да се забележи авион кој кружи над Битола, но и пошироко во Пелагониската котлина.

Се работи за авион со регистарски ознаки Z3-DAK со кои е означен авионот со кој се попрскуваат градоносните облаци, со цел спречување на земјоделска катастрофа поради врнежи од град.

УХМР започна со ваква активност по потпишување на договорот на 18.05 годинава, со компанија која ќе ги управува авионите и ќе го користи системот за спречување на врнежи од град преку порпскување на градоносните облаци.

-Со овој модерен систем на заштита од град ќе придонесеме да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците. Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање град се нанесува директно на критичната облачна маса, изјави тогаш министерот Димковски.

-Откако радарските центри на УХМР ќе ја детектираат нестабилната воздушна маса во која се создава градот, јавуваат до економскиот оператор и тој треба во најбрзо време и на најквалитетен начин да изврши засејување на воздушните маси со сребрен јодид, објасни Тодоровски.

Засејувањето на облакoт базира на концептот на „корисна конкуренција” што значи дека зрната град што се формираат во рамки на засејаниот облачен волумен ќе бидат со помали димензии.

Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на цела територија на државата. Овој модерен систем, како што наведува Министерството за земјоделство, освен заштита на земјоделското производство од временски непогоди, ќе придонесе и за намалување на сумата што изминатите години се издвојува за исплата на обесштетувања.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This