(Видео) Авион yдpил во автомобил на автопат во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена и нејзината седумгодишна внука преживеале крајно невообичаена случка на автопат во Калифорнија (САД), кога мал авион принудно слетал и удрил во нивниот автомобил.

Жената и девојчето се здобиле со полесни повреди, а двајцата луѓе кои се наоѓале во авионот, не се повредени.

Слушнав силен звук на тресок. Мислев дека нѐ удри друго возило. Но, тоа било авион. Дел од него беше на моето задно седиште – изјавила возачката Викторија Робертс, по инцидентот.

Несреќата се случила во вторникот попладне, кога авионот морал да направи принудно слетување.

Нејзината внука Еви сведочи дека, по силниот звук, баба ѝ ѝ рекла да ги затвори очите и устата и да излезе од автомобилот. Но, Еви не можела да излезе бидејќи вратата ѝ била заглавена.

Опкружена со скршено стакло и горивото од авионот, Еви успеала да излезе искачувајќи се на воланот.

Кога пристигнала брзата помош, медицинските лица прво ѝ ја соблекле облеката натопена со гориво, па ги завиткале внуката и бабата во ќебиња.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This