(Видео) Аврамопулос со загрижувачka изјава: Брисел е подготвен да ни „пomогне“ за изградба на бегaлckи кампови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Европската унија ни ја кажува вистината која Владата сака да ја премолчи? Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, вели Унијата е подготвена да и помогне на Македонија за изградба на нови кампови за бегалци, нешто за што во јавноста одамна има сомнежи, а власта пак упорно демантира.

-Ако Владата има потреба од наша поддршка, финансиска, ќе се обезбеди. Тука сме да им помогнеме со нашите експерти, за да обезбедиме и на Владата и на властите, соодветна поддршка. Меѓутоа, досега не е доставено такво барање, но доколку се случи ние сме тука да обезбедиме помош, изјави Аврамопулос.

Министерот Спасовски вели денеска не било говорено за такво нешто, потенцирајќи дека индиции за мигратски кризи немало, но во моментов.

-Ние засега немаме проблем со мигрантските текови, но треба да бидеме подготвени ако случајно имаме некакво придвижување на мигрантските текови. Ние немаме сега индиции во моментов дека има индиции за мигрантски текови како во 2016-та година, изјави Спасовски.

Учесниците на „министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан“ велат регионот треба да биде дел од европското семејство, но за тоа треба да се исполнат сите барања. ЕУ бара реформи во правосудството, владеење на правото, како и борба со криминалот и корупцијата. Практично истото што постојано го слушаме од странските фактори изминативе 2 години. Денеска го потврди и министерката за внатрешни работи на Финска, Марија Охисало.

-Сите критериуми за членство мора да се исполнат, особено реформите во сферата на владеењето на правото се од суштествена важност, изјави Охисало.

Спасовски порача дека борбата со проблемите со миграцијата се една од главните цели, како на Македонија, така и на Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This