(видео) АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД АУТИЗАМ: Корелација од 78 проценти со штетните ПМ 2,5 честички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аерозагадувањето го зголемува ризикот за појава на аутизам кај децата. Ова го потврдува и последната студија објавена на Светскиот економски форум. Истражувањето спроведено во Шангај каде воздухот редовно е загаден, покажало дека зголемувањето на бројот на аутистични деца за 78 проценти е поврзано со штетните ПМ 2,5 честички. Според професотот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје повеќе студии покажувале дека не само за аутизам загадувањето е причина и за дијабетес тип 2 и други болести кои настануваат за време на развојот на плодот, пренесува Сител.

-Ако тој токсичен потенцијал на аерозагадување падне во период кога се развиваат одредени функции може да дојде до аутизам, изјави проф.д-р Драган Ѓорѓев, од Институтот за јавно здравје.

Но, според професорот Ѓорѓев засега поврзаноста на аутизмот со аерозагадувањето не се презентирани со убедливи докази од страна на СЗО.

-Главен фокус на СЗО се кардиоваскуларните, респираторните заболувања и малигниот белодробен карцином, додаде проф. Ѓорѓев.

И истражувањето на ИЈЗ покажало дека загадениот воздух е причина за и до 2000 смртни случаи годишно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This