(Видео) Америка на paбот на граѓанска вojна: Се cyдpија „антифа“ и „гордите момци“, пykaње и ќoтeк во Потрланд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддржувачите на левичарската Антифа и десничарската група „Горди момци“ се судрија во Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава Орегон. На улиците владееше хаос, и двете страни користеа палки, штитови, пушкi и пиротехника во судирот.

Во еден момент се слушна пукање, а на социјалните мрежи беа објавени снимки кои покажуваат дека истрелите биле испукани од средовечен маж, скриен зад канти за ѓубре. Набргу бил уапсен од полицијата.

Судејќи по видеото, снимено од друг агол, некој исто така пукал во него, иако не е јасно кој прв пукал.

Според неофицијални информации, бил застрелан поддржувач на „Гордите момци“ кој бегал од членовите на ривалската Антифа. Во престрелката нема повредени.

Инаку, поддржувачите на Антифа и „Горди момци“ имаа намера да одржат одделни собири во Портланд во неделата, на годишнината од конфликтот меѓу двете групи, што избувна како дел од серијата улични демонстрации по убиството на црнецот Џорџ Флојд на 25 мај минатата година.

Сепак, околу 300 поддржувачи на Антифа ја принудија ривалската, помала група, да го одржи протестот на друго место.

Потоа, според локалните медиуми, мала група членови на антифа ја следела ривалската група, а потоа избиле судири.

Полицијата, освен апсењето на човекот што пукаше, не реагираше во смирување на конфликтот.

Шефот на полицијата Чак Ловел на прес -конференција рече дека полицајците нужно нема да интервенира за да ја прекине тепачката меѓу групите, но рече дека фактот што нема да бидат уапсени на лице место, не значи дека нема да бидат обвинети за криминал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This