(Видео) Ангелов: Бeв гoлeм akтивиcт на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната емисија „Неделин Брифинг“ на „Инфомакс“ гостуваше Стојанче Ангелов, каде коментираше дека кон крајот на деведесетите години, тој, со уште неколку млади ентузијасти биле големи активисти на моменталната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

– „Јас не би рекол политичка активност, него би рекол револуционерна дејност, затоа што, тогаш ние неколку млади Штипјани она што го правевме на крајот на деведесетите години по формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и во Штип, повеќе наликуваше на револуционерни дела, затоа што Југославија сеуште беше цела, Југословенската народна армија во Штип ја имаше една од поголемите касарни во Југославија, вриеше од војска и полиција, наликуваше на вонредна состојба, а ние младите поведени од постарите, тогаш први Вмровци во Штип, живеевме и се боревме за идејата на независна Македонска држава, со тоа што за разлика од денес кога е лесно да се биде патриот, тогаш беше навистина тешко.. и бевме малку.. околу седум-осум луѓе. Еден од нив е и актуелниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, со кои што сме од основачите на младинскиот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Ние бевме младинска организација, неколку млади ентузијасти, притоа правевме она што ни го зборуваа условите, некои од тие работи беа на граница на закон, некои беа од другата страна, но такви беа условите. Ние штотуку наполнивме 18 години, ние тогаш растуравме летопси, тоа не е како денешното лепење плакати, бидејќи на некои од тие летопси пишуваше, „смрт на комунизмот, слобода на народот“. Исто така, ние колку плакати сме лепеле, кои сите биле со силна патриотска содржина.“ – коментираше Ангелов.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This