(Видео) „АLL IN СО“ МАКЕДОНКСИОТ НАРОД: Заев и Преспанскиот Договор – веројатно се кae, но ќе го тера до крај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ова е храбра битка, играв со сите кецеви и џокери во ракав, играв со мојот народ, играв ‘all in’, играв на се или ништо“ рече премиерот Зоран на 24.09.2018.

Ова го изјави премиерот пред една година. Во меѓувреме „играта“ односно евроинтеграциите се прокоцкани или барем замрзнати. Сепак Зоран Заев веројатно се кае што, како што самиот вели, ги искористил сите карти. Барем тоа може да се заклучи од една од неговите изјави.

„Пред да го направиме Преспанскиот договор барем да ни кажеа, така? Тука е болката. Значи, тука е нефер и неправдата којашто ни е нанесена“ изјави премиерот Зоран Заев во гостување на една национална телевизија.

Се кае или не, ќе тера до крај со „играта“ во која беа заложени националните и државните интереси. Неполни 24 часа по оваа изјава премиерот даде нова – ќе продолжел со имплементацијата на договорите со соседите. До крајот на месецот ќе завршела и анализата за она што е направено и што уште треба да се направи.

„Договорите се направени билатерално и се важни за нашата земја и за Бугарија и Грција… Верувам дека стопроцентно ќе ги имплмемнетираме договорите, бидејќи тоа е веќе закон“ изјави премиерот Зоран Заев денеска.

Од друга страна самиот Преспански Договор не наложува 100% имплементација веднаш односно предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име паралелно со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со Европската Унија. Македонија веќе се истрча – институциите, свидетелствата, дипломите, изводите и другите документи предвреме станаа „северни“, а истото наскоро ќе се случи со денарите и униформите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This