(ВИДЕО) БЕРГ: Следува кантонизација или федерализација на Македонија како заокружување на Пржинскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кантонизација или федерализација може навистина да биде следниот чекор во процесот на актуелната поларизација која вклучува и интра и меѓуетничка пoдeлбa, смета Ханс ван ден Берг, директор на организацијата БИП, која се занимава со политичките прицеси на Балканот.

Ханс ван ден Берг, експерт за Балканот и за албанското прашање, вели дека кантонизација или федерализација се дел од финалниот план на посредникот при Пржинскит договор, Ван Хојте.

Според холандскиот експерт за регионот овие поделби се случуваат паралелно со „отсуство на владеење на правото, присутната неказнивост, корупција, непотозам и отсуство на подобар живот“.

Ван ден Берг на почетокот на оваа деценија бил лидер на проектот “Алб Факт” кој се занимавал со стратешките правци на политиката на Албанците.

Во видеото од 2010 година тој самиот се претставува како специјалист за албанското прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This