(Видео) Богоев си легна на брашното: Мостот и кружниот тек во Карпош ќе ги гради Град Скопје и Владата, а не тој

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев веќе активно се вклучи во кампањата за локалните избори кои треба да се одржат нареднаа година. На својот Фејсбук како и во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ се пофали со изградбата на мост помеѓу Карпош 4 и Бардовци, а и кружен тек кај Момин Поток и се ќе беше во ред доколкму тој не се пофалеше со проекти кои не се под ингеренција на општината.

-Во 2021 не очекува пробивање на мостот од улицата „Љубљанска“ ( Карпош 4) до клчката кај Бардовци, како и нов кружен тек кај Момин Потоко. Овие капитални проекти ќе овозможат намалување на сообраќајниот метеж во овој дел од Карпош, објави Стефан Богоев на Фејсбук.

На прашање на Инфомакс колку средства од буџетот на општина Карпош ќе се одвојат за овој проект, Богоев истакна дека средствата се одвојуваат од буџетот на Владата и Град Скопје, а не од страна на општина Карпош бидејќи тоа не е негов проект.

Господине Богоев, пред два дена најавивте изградба на МОСТ од Карпош 4 до Бардовци и изградба на кружен тек кај Момин Поток.

Кажете ми кога планирате да распишете тендери, колку пари предвидовте во буџетот на Општина Карпош за реализациј на овие два проекти и кога граѓаните можат да очекуваат старт на градежните активности?

-Најверојано не сте го проследиле моето гостување во Утински бирифнг, таму излезе информацијата. Тоа е проект на Градот Скопје кој е влезен во ребаланс на државниот буџет. И мостот и кружниот тек кај Момин Поток. Верувам дека околу 5-6 милиони денари за двата поединечно се влезени, меѓутоа ќе има дополнителни средства од Градот Скопје и Владата кои се носители на проектот кој ќе биде детално презентиран. И тие пари што се предвидени се за наредниот период бидејќи се средства кои мора да бидат искорисетни во нареднио период. Годината завршува за 29-30 дена, вели Богоев.

Прес-конференција на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Wednesday, December 2, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This