ВИДЕО: Братски прегратки и насмевки – како соиграчите го дочекаа Барди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашната победа над Казахстан, на последниот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство, денес селекторот Игор Ангеловски и македонската фудбалска јавност, добија уште една убава вест. Енис Барди го прими посакуваниот негативен тест за коронавирус и ќе биде подготвен за настапите на континенталниот собир.

Членот на Леванте по пристигнувањето во Македонија беше позитивен на ковид-19 и мораше одреден период да мине во самоизолација, но проблемите со вирусот веќе се надминати и Барди веќе им се приклучи на своите соиграчи, кои го пречекаа со братска прегратка во хотелот.

Пречекот на Барди објавен на Спортманиа:

Македонија своето деби на Европското првенство ќе го има на 13 јуни против Австрија во Букурешт, каде ќе се сретнеме и со Украина. Во последното коло од групната фаза наш противник ќе биде Холандија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This