(Видео) Брзаа со избори па побегнaa на одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичарите на одмор, институциите во лер. Инсистираа на што побрзо одржување на избори во време на пандемија со цел формирање на влада и легитимни тела, потребни за справување со сериозната криза, но се чини дека кампањата им била пренапорна.

Веднаш по завршувањето на изборниот процес, ова ветување на политичарите падна во втор план. Справувањето со вториот бран корона и со економските последици ќе почека барем до празникот Илинден, кога партиите најавија засилени активности околу постизборните преговори.

Граѓаните сметаат дека во најмала рака – потегот на политичарите е несериозен и неоправдан.

Ова размислување го делат и политичките аналитичари. Сметаат дека граѓаните се изневерени бидејќи токму тие го ризикуваа своето здравје.

Сега кога ја изнесоа својата воља, политичарите имаат одговорност да ја преточат во функционални институции, а одолговлекувањето за формирање на влада е неодговорен потег.

Аналитичарите велат дека се изненадени од потегот на политичарите и согласни се дека досегашното менаџирање на кризата беше отежнато со нефункционален парламент и техничка влада и дека тоа се докажува и во сегашната пракса.

Оттаму, велат и Сефер Селими и Трошановски, не смее да има понатамошно одложување на процесот. Тоа ќе значи и рефлектирање врз сегашната криза и се потешко справување со здравствената и економска криза, токму тогаш кога е најпотребно.

 

Извор: Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This