(Видео) Бeбeтo кое го пpeфрлувaaт прeку бoдликaвa жицa е пoвтoрнo со тaткoто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бебето од видеото, кое го снимил активистот за човекови права Омар Хајдари на меѓународниот аеродром во Кабул, и кое го обиколи светот, повторно е со својот татко, објавија американските маринци.

Бебето, како што може да се види на видеото, е предадено на американскиот маринец преку висок ѕид и бодликава жица за време на хаотичните сцени за евакуација на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, пренесува Independent.

Сега, според американските маринци, бебето е со таткото и е безбедно на аеродром.

Претставници на американскиот марински корпус вчера потврдија дека на снимката се гледа како припадник на 24-та поморска експедициона единица зема дете.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This