April 28, 2024, 11:26 am

(Видео) БPУKA: “Му забpaнyва ли некој на гpaдoначалникот да рече Maкедонија? Ги ycpaми ли првобopците од Прилеп?”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со импровизираниот напад на градот, стилизираната реконструкција на случувањата од пред 78 години и богатиот огномет, Прилеп го одбележа Денот на народното востание, 11.Октомври.

Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека во предвечерието на големиот национален празник, граѓаните на Прилеп им оддаваат почит на борците, на хероите кои што ги положија своите животи на браникот на слободата.

Како и претходно во неговиот говор изостана Македонија, а името на државата беше заменето со добро познатите зборови “нашата држава”.

„На овој ден пред 78 години, во Прилеп одекнаа слободарските пушки и востаничките истрели. Храбрите партизани ја започнаа борбата за социјална правда и слобода, испишувајќи го овој светол датум во историјата, вграден во македонската државотворност. 11.Октомври е симбол на непокорот, пркосот, храброста, гордоста и достоинството, стремежот за слобода не само на прилепчани, туку на сите граѓани на нашата земја. Затоа и денеска се сеќаваме на делото на хероите, им оддаваме почит и се поклонуваме пред нивната жртва. Животите на 15 народни херои и 650 борци од Прилеп се вградени во денешната слобода, затоа и нашиот град го носи епитетот Град Херој – Првоборец“, изјави Јованоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This