(Видео) Ветepните гнeвни на Бајден: Ckaндалозно однесување на претседателот на церемонијата во чест на американските вojници кои зaгинaa во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Џозеф Бајден се најде на удар на критичарите откако протече видео во јавноста, на кое се гледа дека Бајден гледа во часовникот за време на церемонијата во чест на американските војници убиени во самоубиствениот бомбашки напад во Кабул.
За време на церемонијата, Бајден ја крена левата рака и погледна надолу кон часовникот, што предизвика реакција на ветерани и коментатори на социјалните мрежи.

„Изгледа дека се засрами бидејќи мораше да покаже малку почит кон овие американски херои“, напиша ветеранот Семјуел Вилијамс.

“Бајден мораше да гледа во часовникот додека ковчезите минуваа пред него. Има ли нешто поважно во тие моменти?”

Републиканците исто така го критикуваа претседателот.
Пратеникот од Тексас, Рони Џексон, пензиониран морнаески адмирал, напиша на Твитер:
“Очигледно, нашиот врховен командант има попаметна работа отколку оддавање почит на припадниците на војската. Јас сум згрозен! Бог ги благослови овие херои и нивните најблиски. Тие заслужуваат подобро”.
За потсетување, 13 американски маринци беа убиени во четвртокот по серијата експлозии во Кабул. Во експлозиите загинаа најмалку 90 луѓе, а околу 200 беа повредени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This