Во собранието на Република Македонија денеска се случи обид за насилно донесување на Закон за Академија за судии и јавни обвинители и грубо прекршување на Деловникот.
Од собраниската говорница Љупчо Пренџов додека потенцираше дека власта сака насилно да го донесе овој закон, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа пратеникот од говорницата излегувајќи пред неа.
Во исто време пратениците од СДСМ ја напуштија седницата.
-Народот мора да види што се случува во собранието, за овој закон не сте прашале кој е ЗА, кој е против кој е воздржан, вели Пренџов.
Тој додава дека тоа не е демократија и дека ова собрание не треба да се чудиме што никој не сака да го гледа и да го слуша.
Видеото може да го погледнете ТУКА.