(Видео) Влaдикaтa Агатангел пoвикa на пpoтecт в нeдeлa пpeд ceдиштeтo на ЕУ во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европа за Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави. Ова е дел од пораката на владиката Агатангел, во која тој повикува на одржување на семакедонски собир против, како што вели, омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.

„ДA” за македонската евроинтеграција, но не со сменето име и непризнати јазик, црква и сменета историја. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата, вели Владиката, дополнувајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста.

Пораката ќе биде пратена в недела пред седиштето на Европската Унија во Скопје во 17 часот.

Владиката вели дека организатори на собирот се група разочарани луѓе, кои побарале поддршка од него како црковно лице. Очекува да бидат испочитувани сите превентивни мерки за заштита од Ковид на протестот, кој од канцеларијата на ЕУ ќе се пресели пред Собранието.

Според верскиот аналитичар Бранко Ѓоргиевски, најавениот протест воопшто не треба да се оспорува, дури ни тоа што повикот доаѓа од владика. И граѓаните и црквата имаат право на кревање на гласот, но според Ѓоргиевски, речникот кој го употребува Агатангел не доликува на еден достоинственик.

Верскиот аналитичар смета дека тешките квалификации во повикот на Агатангел може да се протолкуваат како ширење на омраза, а сите останати вакви апели треба да бидат во рамките на цивилизираниот речник.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This