(Видео) Вотергејт 2.0 – Мeга ckaндал во САД: Пpиcлyшкyван новинар жecток пpoтивник на Бајден – Американците на нозе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон во живо со јавноста сподели информација дека администрацијата на Бајден ги „шпионира“ неговите лични електронски комуникации со помош на Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Откако отворено посочи дека ФБИ имале информатори во толпата која предизвика немирите во Капитол на 6 јануари и знаеле дека ќе се случи голем инцидент , Карлсон во понеделникот на „Такер Карлсон тунајт“ објави дека свиркач го известил дека разузнавачката заедница сега го шпионира лично него.

„Но, власта не прислушкува само политички противници“, вели Такер. „Вчера, добив информација од еден свиркач во американската влада кој се обрати да нè предупреди дека НСА – Националната агенција за безбедност – ги следи нашите електронски комуникации и планира да ги објави во обид да го прекине емитувањето на емисија во етер“.

„Тоа е шокантно тврдење, и обично, би биле скептични кон истото“, продолжи тој. „Нелегално е НСА да шпионира американски граѓани. Тоа е кривично дело. Ние не сме земја од третиот свет. Такви работи не треба да се случуваат во Америка. Но, за жал, тие навистина се случуваат и во мојот случај се реалност “.

Карлсон објасни дека доказот се информаци на свиркачот за личните СМС-пораки на Карлсон.

„Свиркачот, кој е во позиција да знае, ни повтори информации за приказна на која работиме, а може да дојде само директно од моите СМС пораки и е-пошта“, рече тој. „Нема друг можен извор за таа информација, точја. НСА ги има тие информации без наше знаење и не прислушкува од политички причини “.

„Администрацијата на Бајден нè шпионира. Ние го потврдивме тоа “, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This