(Видео) ВО ЧАРШИЈА PAЗОЧАРАНИ: Џабе двојазичност со празни џебови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Тие што имаа пари ги дуплираа“ во последните години истакна еден од анкетираните граѓани во скопската чаршија, за обичниот народ секогаш е исто и така ќе остане, додаде тој. Решението според граѓаните е добар систем за да може и средната класа да се подигне на повисоко ниво, а за тоа се потребни добри економисти инаку вака нема ништо да се промени потенцираат граѓаните во старата чаршија кои денеска ги анкетираше Инфомакс.

Нема семејство во Македонија во кое некој не заминал посочуваат тие. Речиси категорични граѓаните велат дека сега немаат повеќе пари отколку пред три години. Истиот одговор кој го доби екипата на Инфомакс на градскиот плоштад го доби и во скопската чаршија. Наспроти тврдењата на Заев дека блескаме и дека се враќаат парите кај граѓаните реалноста е многу посурова.

Как о живее, дали има сега повеќе пари запрашавме и еден од уличните изведувачи во чаршијата кој пикнат во ќоше со својот инструмент го заработува лебот и во време на сурови зимски услови развеселувајќи ги минувачите.

-Нема народ повеќе пари, малцинството има, мнозинството нема пари. Нема. Зошто е тоа така, гледаш се мачам јас, мислиш јас од ќеф го правам ова. Свирам за парче леб за тоа за дане останеме гладни, вели уличниот изведувач.

На прашањето дали од кога беше донесена двојазичноста дали тој има повеќе пари и подобро живее тој одговори:

-Порано сум имал повеќе пари, повеќе сум заработувал со инструментот кога беа марките, кога дојде еврото ништо се е прескапо. Секој ден се качува цената, само за лепче да вадам.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This