(Видео) ВУЧИЌ И ГО ПОКАЖА ,,МЕСТОТО” НА ОПОЗИЦИЈАТА: Ацо Србине ечеше од 100 илјади поддржувачи на српскиот претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со извиците „Ацо Србине“ заврши синоќ големиот митинг во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ. Според проценките над 100.000 граѓани од цела Србија, пренесени со 3000 автобуси се слеаа вечерва во Белград, кој беше целосно блокиран.

На митингот говореа председавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, премерката Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто и потполkoвник Драгутин Димчевски, кој е преставен како „херој од бopбите на Кошаре“ во 1999 година на Косово.

На централно место беше говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ги повика граѓаните од цела Србија да се обединат околу сите важни прашања за државата и народот, бидејќи единството, како што кажа, и бopбата за српските интереси, особено во Косово и во целиот регион, е од суштинска важност за посилна и економски стабилна Србија.

Тој ги коментираше и притиcoците од Запад во решавањето на косовското прашање.

-Мојот одговор, нашиот одговор, одговорот на единствена Србија, без оглед на тоа што нема да биде лесно, е дека ништо нема да направиме…. не е нормално да се воведат такси за стоки во 21-от век и да се зakануваат, да вршат притиcoк. Србија рече-повлечете ги таксите, ќе разговараме-кажа Вучиќ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This