April 30, 2024, 10:47 am

(Видео) Германија на нозе: Масовни пpoтести против pecтриктивните мерки, полицијата со coлзавец ја растеруваше толпата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Берлин фрлаше солзавец кон учесниците на собирот на противници на ограничувањата за време на пандемијата, во близина на зградата на парламентот, пренесува репортерот на агенцијата Франс Прес.

Според полициските извештаи, околу 8.000 демонстранти се собрале недалеку од зградата каде што седи Парламентот, а само некои носеле заштитни маски.


Долниот дом на германскиот парламент Бундестагот го усвои спорниот амандман на законот, со кој на сојузната влада на канцеларката Ангела Меркел и се дава овластување да води порешителна борба против третиот бран на пандемијата.

Измените и дополнувањата на законот за заштита од инфекција предвидуваат автоматска примена на строги ограничувања на национално ниво кога стапката на инфекција ја надминува утврдената граница.

Законот за еднаква примена на „сопирачките за итни случаи“ во области со високи стапки на инфекција треба да ги замени различните мерки што сега се применуваат во 16 сојузни држави, кои инаку се надлежни во областа на здравството.

Бундестагот ги усвои овие амандмани со 342 гласа за, 250 против и 64 воздржани. Горниот дом на парламентот, во кој се застапени федералните покраини, ќе го разгледа законот утре. Доколку биде одобрен во двата дома на парламентот, ќе се применува до крајот на јуни.

Законот предвидува воведување на полициски час од 22 до 5 часот наутро, затворање на спортски и забавни објекти и затворање на многу продавници. Мерките автоматски ќе се применуваат во областите каде што има повеќе од 100 нови случаи на инфекција на 100 000 жители неделно. Училиштата ќе мора да се префрлат на учење на далечина доколку бројот на заразени на 100.000 жители надмине 165.

Денес, стапката на инфекција во цела Германија беше 160 нови случаи на 100.000 жители, иако има големи регионални разлики во таа земја.
Намерата е да се запре примената на различни мерки што беа донесени од 16 германски сојузни држави како одговор на пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This