(Видео) Гори шума во близина на хотел во Солун, евakyирани гостите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три противпожарни авион, попознати како канадери, и два хеликоптери, учествувале во гасење на пожарот кој денеска на пладне избил во солунската шума Шеик Су, која се протега до самиот раб на градот.
Леталата постојано го гаселе пламенот од горе, додека се очекувало и доаѓањето на рускиот авион “Беријев 200” за помош во напорите за гасење на пожарот, пренесува грчката агенција “ANA”.

Пожарната бригада соопштила дека успеала да го стави под контрола пожарот кој се движел кон хотелот “Филипио”, кој безбедно бил евакуиран со помош на полицијата бидејќи бил многу блиску до пламенот.

Напорите сега се насочени кон гасење на пожарот во коритото на потокот на северот на шумата, додека ситуацијата на југот е опишана решлива и сообраќајот на тој пат не е сопрен.
Ангажирани се вкупно 64 пожарникари и 21 пожарно возило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This