Фудбалските фанови бараат на Англија да и биде забpaнето да игра на Светско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето сугерираат дека на Англија треба да ѝ биде забрането учество на Светското првенство следната година, како казна за однесувањето на навивачите за време на Европското првенство.

Англија доживеа пораз на финалето на Европското првенство на 11 јули, а титулата дома ја однесоа репрезентативците на Италија. Ммногу навивачи тешко го прифатија поразот, а некои од нив предизвикаа хаос во Лондон.

Полицијата беше принудена да изврши 49 апсења по завршувањето на играта, а 19 полицајци беа повредени како резултат на немирите. Расистичките навреди насочена кон Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака исто така се осудени, а голем број на луѓе бараат да ѝ се забрани на Англија да игра во Светското првенство во Катар во 2022 година.

„Се надевам дека Англија ќе добие забрана за Светското првенство поради однесувањето на навивачите вечерва, апсолутно одвратно“, напиша еден корисник на Твитер собирајќи илјадници лајкови.

Жалбите за однесувањето на навивачите го вклучуваат и инцидентот со ласер, во кој можевме да видиме како гледач свети со ласер во лицето на данскиот голман Каспер Шмајхел за време на пенал. Како резултат, Фудбалскиот сојуз беше погоден со парична казна од 26.600 фунти.

Фановите на Англија редовно свиркаа на химните на земјите против кои играа…

Видеото можете да го погледнете тука.

И тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This