(Видео) Го дезинфицирала паркот за да може ќерка и да си игра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата на коронавирусот ги натера сите да размислат за своите хигиенски навики, а една мајка не остава ништо на случајност, па темелно го исчисти паркот пред да и дозволи на својата ќерка да игра.

Корисничката на ТикТок, Кејтлин објави видео од нејзината сестра, во кое користи антибактериски спреј за да ги исчисти слајдовите во паркот, пред да дозволи нејзината ќерка да допре што било.

На видеото се гледа како девојка ја држи за рака тетката и стрпливо чека мајката да го заврши процесот на дезинфекција.

Видеото е прегледано повеќе од два милиони пати и наиде на различни реакции од корисниците кои се поделени околу тоа дали мајката само се грижи за семејството или малку претерала.

Во коментарите, многу луѓе и рекле на жената дека е најдобро да „остане дома“ ако се плаши дека нејзината ќерка ќе собере бактерии во паркот, пренесува Мирор.

– Тие хемикалии (од средството за дезинфекција) се поштетни од бактериите во паркот, само останете дома – напиша еден корисник.

Друга праша „зошто воопшто оди во парк, ако е толку заштитничка?”

Имаше и такви кои го поздравија потегот на мајката, додавајќи дека „Ковид-19“ се разликува од обичните вируси и дека има право да внимава.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This