Cocтojбaтa co Koвид-19 aлapмaнтнa: Зa caмo тpи дeнa живoтoт гo зaгyбиja peчиcи 90 лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на починати лица како последица од коронавирусот расте од ден на ден.

Само во последните три дена од почетокот на оваа недела имаме дури 88 лица кои ја загубија битката со вирусот.

Имено во понеделникот според статистиката на Министерството за здравство во Македонија починаа 27 лица.

Пријавени се 27 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г,62г,64г, 64г,64г,65г, 69г, и 70г), 4 починати лица од Гостивар (53г,65г ,72г и 83г), по 3 починати лица од Тетово (60г,70г и 76г), Куманово (67г,72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г), по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г), и Свети Николе (55г).

Во вторникот беа пријавени најголем број на починати пациенти, дури 32.

Пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).

Вчера беа пријавени 29 пациенти кои ја загубиле битката со вирусот.

Пријавени се 29 починати лица: 6 починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г), Македонска Каменица (58г) и Пехчево (67г).

Инаку во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје минатата недела се пријавени 134 смртни случаи во текот на изминатите седум дена (16-22 август).  Најголем дел од нив се од Скопје (32), Тетово (28), Гостивар (22), Куманово (16), Кичево (10).

Најголем број (n=104; 77.6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This