Кинески Ромео и Јулија: Откриен е гроб на прегрнати љубовници стар 1500 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Археолозите пронашле гробница во северна Кина со посмртни останки на двајца љубовници, кои биле прегрнати и заедно закопани пред повеќе од 1.500 години.

Новото истражување на парот, кое беше откриено минатата година, сега покажува дека е можно жената, која имала метален прстен на малиот прст од левата рака, да се жртвувала за да биде погребана со својот сопруг.

Иако „мешаните“ погреби не се невообичаени во Кина, таков прегрнат пар кој смело на сите им ја покажал својата љубов е првиот таков погреб познат во Кина и ја одразувал промената на односот кон љубовта што се случувала во тоа време во кинеското општество, велат експертите.

„Ова е првата двојка што се најде во љубовна прегратка насекаде и во секое време во Кина“, изјавил за Live Science, Киан Ванг, шеф на студии и професор на одделот за биомедицински науки на колеџот А & М во Тексас.

Археолозите го нашле парот во јуни 2020 година за време на истражувањето на гробиштата откриени од градежните работници во провинцијата Шанси.

Гробиштата вклучуваат околу 600 гробни места каде што се погребани Ксианбеи, древна номадска група која живеела во северна Кина и била асимилирана во културата Хан. Врз основа на обликот на гробниците и керамиката пронајдена во нив, гробиштата датираат од периодот на династијата Северна Веи (386-534).

Поради уникатната положба на љубовниците, археолозите не ги ископале целосно остатоците туку ги оставија прегрнати со цел еден ден да ги изложат на јавноста. Археолозите пронашле уште два двојка закопани заедно, но тие не биле прегрнати и жените немале венчални прстени, рекол Ванг.

Меѓутоа, испитувањето на посмртните останки на вљубената двојка на археолозите им обезбедила многу информации. Човекот бил висок 161,5 сантиметри и имал скршеница на раката, недостасувал дел од прстот на десната рака, а десната нога била повредена. Имал меѓу 29. и 35. години кога починал.

Жената, пак, била во добра здравствена состојба кога починала. Била висока 157,1 сантиметри и имала неколку расипани заби. Кога починала, таа имала помеѓу 35. и 40. години.

Можно е да носела венчален прстен од десната рака под влијание на „обичаите на западните региони и области надвор од Патот на свилата, како и поради асимилизацијата на Ксинабеите што ај одразувало интеграцијата на кинеската и западната култура“, рекол Ванг.

Луѓето што ги погребале го направиле тоа со голема грижа. Телото на мажот е свртено кон жената која се потпира на левата рака. Ја гушка со десната рака а шаката му е поставена на половината. Телото на жената било ставено во положба на „прегратка“, напишале истражувачите во студијата. Главата и била малку спуштена, што значи дека таа се потпирала на рамото на мажот и го прегрналас со рацете.

Позицијата на парот ја одразува нивната посветеност и љубов. „Пораката е јасна – маж и жена заедно, гушкајќи се и нивната љубов живее во задгробниот живот“, се наведува во студијата.

Тимот има неколку претпоставки за тоа како парот завршил во ист гроб. Малку е веројатно дека тие починале во исто време и нема докази дека нивната смрт била резултат на насилство, болест или труење.

Можно е прво да умре сопругот и жената да се жртвува за да бидат погребани заедно. Исто така, можно е сопругата да умрела прво, така што сопругот се жртвувал, но оваа претпоставка е помалку веројатна, бидејќи сопругата барем навидум била во подобра здравствена состојба од нејзиниот партнер.

Во текот на првиот милениум, кога живеел овој пар, слободното изразување љубов станало „популарно“ во Кина, велат научниците. Во тоа време, имало популарни љубовни приказни и историски приказни за луѓе кои се убиле за љубов. Во суштина, вели Ванг, потрагата по љубов и самоубиство за љубов било „прифатено, ако не и промовирано“.

Вообичаените начини на самоубиство во тоа време вклучувале земање отров, давење, бесење, скокање од височина и одбивање храна и лекување.

Додека околностите за смртта на заљубениот пар се уште се мистерија, нивниот гроб е „уникатен израз на човечката емоција за љубов во гробот и редок поглед на љубовта, животот, смртта и задгробниот живот“, рекол Ванг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This