(Видео) Граѓаните бараат да се излезе на улица: „Наместо да ни ја зголемат пензијата, ја поскапеа струјата“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжениот викенд ги испразни улиците на Скопје и малку граѓани можеа да се сретнат на улиците. Но иако мал број, сепак сите кои ги сретна ТВ21 изразија револт за поскапувањето на струјата за 7.4% кое го најави РКЕ. Велат дека освен што не им ги зголемиле пензиите, сега треба да плаќаат и повисоки сметки за струја.

Освен укинување на одлуката, со онлајн петиција се бара и намалување на ДДВ од 18 на 5%. Во петицијата „Иницијатива на граѓани за укинување на поскапувањето на струјата и намалување на ДДВ“ се бара: укинување на високата тарифа, формирање на посебен фонд за покривање на сметките за семејствата во тешка економска состојба, законско решение за купување фотоволтаична електрична енергија, укинување на комуналната такса за улично осветлување и измена на системот за тарифирање на сметките.

Против поскапувањето се изјаснија и од Организацијата за заштита на потрошувачите. Тие сметаат дека со поскапувањето на струјата, граѓаните ќе ги стимулираат компаниите да продолжат да работат неефикасно.

„ Пресметките за покачување на цената на електричната енергија треба пред се да се засноваат на потребата од намалување на оперативните и фиксните трошоци на енергетските компании кои потрошувачите не треба да ги субвенционираат за тие да продолжат да работат неефикасно“, велат од Организацијата за заштита на потрошувачите.

Со поскапувањето, изгледа дека нашата земја и натаму ќе биде високо рангирана од Еуростат. Податоците од 2019 од оваа меѓународна институција, покажуваат дека ние сме рангирани на 4 место по најскапа струја во однос на просечната плата. Даваме 19,1% од просечна плата за 1 мегават на час. На прво место е Романија, со 21.4% и на трето место Бугарија со 19.8%. Во топ 10 се и Словенија, Португалија, Чешка, Хрватска, Литванија и Полска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This