(Видео) Гpyeвски отkpива зошто беше пpekинaт попиcoт 2011: Или требаше да aпcимe илjaдници луѓе или да cвиpиме кpaj нa намecтената yтaкмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина пулени на актуелната власт му замеруваат на екс премиерот Никола Груевски зошто никогаш не кажал зошто беше прекинар пописот во 2011 година, по поминати 10-тина години тие посочуваат дека никој во Македонија не знае зошто бил прекинат пописот.

Но реалноста е малку поинаква, Груевски не само што ја откри причината зошто пописот во 2011 година беше прекинат туку и во детали и раскажа на целата македонска јавност што довело до прекин на попишувањето во Македонија.

Во своето гостување во „Миленко Неделковски Лејет Најт Шоу“, Никола Груевски посочи дека се случил обид за фалсификат на масовно ниво ширум државата, односно се попишувале онлајн луѓе кои со години не живеат во Македонија. За да не бидат уапсени илјадници луѓе вели Груевски „судијата се одлучил да свири крај“ на наместената утакмица.

-Последното прашање ви беше за попис. Моето мислење е дека ако сакаме да добиеме реален попис во Македонија без попишување на луѓе дека живеат тука, а не живеат тука, ние мораме да го смениме концептот на правење попис. Вака како што е сега е неизводливо да се направи ама да биде реален. Ако сега се направи попис ќе помине како тој во 2002 година. Сега е уште потешко да се направи попис каде што нема да има да не употребам фалсифика, неправилности. Ние се соочивме со една ситуација каде што тргна пописот и според она што го имам како информација од пописната комисија, но и лично имаше масовни обиди за нерегуларности вака најблаго кажано. Или требаше државата да влезе во апсење на илјадници луѓе кои што учествуваа во тоа, нормално обезбедувајќи докази прво па апсење или да ги остави да тераат како што тргнале. Државната изборна комисија одлучи да свири крај. Да ја прекине утакмицата и мислам дека не погреши. Информациите од теренот беа дека се попишуваат илјадници луѓе кои не живеат во државата, преку Скајп го држи пасошот и некој потпишува дека е тука, вели Груевски.

Видеото можете да го гледате со кликање ТУКА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This