(Видео) Да се потсетиме како 3aeв славеше преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев, ги поканува сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија. Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина! Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност“!

Вака гласеше пораката испратена од македонската Влада уште во јули 2018-та година. Ова беше еден од првите чекори кои ги превземаа во манипулативниот поход кон убедувањето на народот дека таа екипа на луѓе ќе ја внесе Македонија во ЕУ.

Датум, за датум, па датум на датум… Ветуваа лаги, славеа нешто непостоечко. Две ипол години подоцна сме сведоци на обелоденувањето на вистината. Македонија по 100 датуми за датум доби само датум за вето.

Овој пат на чие чело беше Зоран Заев најдолемиот дел од народот знаеше дека води во бездна, а не до другата страна на портата на ЕУ. Изминативе години откако Заев е на власт, Македонија ги доживеа најболните удари во поновата историја. Ни го сменија името, ни ја распродаваат државата, тргуваат со идентитетот и историјата. И уште пред да бидеме свесни дека ќе дојде до ова, челниците во Владата на СДСМ знаејашто заговараат, па тоа предавство го започнаа со музика.

Се сеќавате на прославите со песна на плоштадите ширум Македонија? Под мотото „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, СДСМ дебело плати дел од македонските изведувачи да им пејат на партиското членство на плоштадите. Ова беше театар, ова беше циркуз. Претстава со цел извртување на вистината, настапи со цел манипулација!

Што славеше Заев? Почеток на капитулација. Македонија, никогаш поразголена и посрамотена, крстена со придавка за додворување на “добрите соседи“, остана далеку од ЕУ, можеби никогаш не била подалеку. Плативме прескапа цена за Заев и неговите функционери да си ги набилдаат сопственото его, во обид да го остварат единственото ветување кое им го дадоа на граѓаните.

Ечеа плоштадите од музика со која се славеше – НИШТО. Дали им е и сега до песна, не знаеме.

Голема граѓанска прослава: Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ

Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со ЕУ. Се изборивме за сигурна иднина!Ве покануваме, оваа сабота, 14 јули, заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија. 15 градови, 40 домашни артисти и музичари.#ОдимеНапред – Македонија во НАТО и ЕУ.

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Thursday, July 12, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This